Трамп: Бајден нека скапува во пеколот, среќен Божиќ
Поголемиот дел од светските политички, духовни и национални лидери го слават Божиќ со повици за мир или со нагласување на доблестите на семејството и заедницата, но тоа не е стилот на Доналд Трамп, пишува Си-Ен-Ен.
Поранешниот претседател според медиумот го искажа својот гнев и горчина на неговата социјална мрежа „Вистина“ на Бадник и Божиќ.
Трамп ги нападна претседателот Џо Бајден и специјалниот советник Џек Смит. Во жестоките објави, како што е пренесено, Трамп ја засили својата екстремна реторика за имиграцијата, и го повтори својот став за неограничената претседателска моќ, поради која критичарите се плашат од автократија доколку победи на следните избори.
Според написите, само три недели пред да почне гласањето во трката за републиканска претседателска номинација, Трамп е фаворит.
А неговите тиради, во време кога Американците кои го слават Божиќ се собираат со најблиските и бараат момент на мир, навестуваат бесна состојба на умот и целосно негирање, пишува Си-Ен-Ен.
Трамп вечерта на Бадник со големи букви најави.
„Тие ја шпионираа мојата кампања, го лажеа Конгресот, ја мамеа ФИСА, ги фалсификуваа претседателските избори, им дозволија на милиони луѓе, многумина од затвори и ментални институции, да ја преплават нашата земја, а насилниците и изродите на Џо Бајден, како пореметен Џек Смит, ме прогонуваат на невиден начин. Тоа се вика мешање во избори. Среќен Божиќ!“
Неговото расположение не беше поинакво на Божиќ, кога го обвини Бајден за организирање и мешање во изборите.
Во една од своите објави, тој им го честита Божиќ на „светските лидери, и добри и лоши“, нагласувајќи: „Никој од нив не е толку злобен и „болен“ како насилниците што ги имаме во нашата земја.
Во најновиот напад врз Бајден и Смит, Трамп напиша: „Нека скапуваат во пеколот. Сречен Божиќ уште еднаш!“
Милиони Американци веројатно ќе гласаат за Трамп на претседателските прелиминарни избори, покажувајќи дека не се вознемирени од неговото однесување или неговиот растечки екстремизам, додава Си-Ен-Ен.
Ново на Сител
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево
-
Меѓунарадните набљудувачи со оценка дека изборите биле организирани ефективно, забелешки за законодавството