Трајковски: Нема математики, со сите ќе играме максимално, само сите да сме здрави
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Бојан Трајковски, најави игра без калкулации на сите четири натпревари на претстојниот квалификациски турнир во Перм.
– Треба добро да се подготвиме во овие десетина дена. Олеснителна околност е што со една организација на повисоко ниво од страна на федерацијата, ни е овозможено чартер лет. Добиваме на време, ќе бидеме одморени во Перм , и таму четири-пет дена да се подготвуваме. Секој натпревар ќе биде приказна сама за себе. Одиме подготвени на секој натпревар. Пак ќе кажам, математики нема да правиме. Се надевам дека сите мои соиграчи размислуваат исто како мене за ова. Ќе влеземе максимално во секој меч.
Јас сум оптимист, во секој поглед. Дури сум оптимист уште за првиот натпревар на турнирот во Перм, со селекцијата на Италија. Затоа што во претходниот период не бевме комплетни. Затоа што сите овие последни седум-осум години како генерација не бевме комплетни. Се надевам дека сега тоа ќе биде така. И дека ќе дадеме максимум на крајот ќе се радуваме сите заедно, дај боже, на тоа Европско првенство, изјави Трајковски за сајтот на КФСМ.
Македонската репрезентација на 15 февруари ќе отпатува за Перм, Русија, каде ќе одигра два натпревара со Италија и по еден со Русија и со Естонија.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o