Трајановски го посети Пунктот за бездомни лица во Момин Поток

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го посети Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица, лоциран во Момин Поток и подели пакети со топла облека.
- Град Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој Центар со по 500.000 денари годишно, а оваа наша поддршка ќе продолжи и во иднина. Бездомниците во овој Центар, кој работи веќе пет години, добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк, рече Трајановски.
Вкупно 50 бездомни лица што ги користат услугите на овој Пункт, добија пакети од Град Скопје коишто содржат џемпер, шал, капа, ракавици и вреќа за спиење.
Пунктот за бездомници е отворен во понеделниците, кога бездомниците кога добиваат хигиенски услуги и секој петок, кога добиваат и чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток. Транспортот на корисниците на услуги на пунктот го обезбедува Црвениот крст и тоа од неколку локации во градот и по добиените услуги, бездомниците повторно се враќаат на истата локација.
Бездомниците кои поради здравствената состојба имаат потреба од привремено сместување се згрижуваат во прифатилиштето и таму можат да останат додека не закрепнат. Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и други психосоцијални услуги.
Прифатилиштето ги нуди своите услуги и во ситуации кога температурите надвор се многу високи или ниски со цел да се згрижат привремено и да се избегне смртноста кај оваа група на граѓани. Доколку за тоа има потреба прифатилиштето е на располагање секоја ноќ, при што се ангажира тим кој функционира 24 часа и е воедно мобилен и спремен да ги преземе бездомниците од местата каде што се лоцирани.
Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска се заблагодари за поддршката на Град Скопје, како и на компаниите кои во се поголем број ја поддржуваат работата на Центарот и им го олеснуваат животот на бездомните лица.
Градот Скопје го поддржува Проектот на организацијата Паблик - списанието „Лице в лице“ од 2013 година. Продавачи на ова списание се бездомни лица кои од секој продаден број заработуваат половина од вкупната сума на списанието.
Ново на Сител
-

Затвореник измамен за 890.000 денари, му било ветено дека ке му се намали казната
-

При обид да одглави заглавена сајла на кран 48-годишен работник загина во Тетово
-

Кривична за полициски службеник: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот
-

Пронајдена неексплодирана топовска граната од Првата светска војна со калибар од 75 мм
-

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет
-

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законските измени за укинување на техничката влада
-

Стабилно и потопло време во наредните денови
-

Повеќе од една година на незапирлив раст: Како НАН го трансформираше пазарот за наплата на побарувања во Македонија
