Трајанов: Нема услови за ново мнозинство, да се размислува за широка коалиција
Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз смета дека во Парламентот нема услови за ново мнозинство, туку дека според него треба да се размислува за широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии. Пратеникот, кој доаѓа од Демократскиот сојуз, се смета за дел од мнозинството, но отворено размислува за други опции.
-Mислам дека сега нема услови за ново парламентарно мнозинство, ниту пак некој за тоа веќе разговара. Помина таа тема и сега, можеби, поблиску сме да се отвори прашањето околу тоа дали треба да се организираат предвремени парламентарни избори или, пак, треба да се оди до крај на мандатот. Во една ваква ситуација, моја сугестија е, прво и прво, да се размислува за некоја широка коалиција, во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии и мислам дека на тој начин ќе се вклучат сите можни капацитети во државата за надминување на предизвиците со коишто се соочува сега нашата држава, изјави Трајанов за емисијата „360“ на ТВ Алсат.
Под широк коалиција, Трајанов вели подразбира во неа да влезат и ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии.
-Па, мислам дека тоа како тема треба да биде, тоа е една од клучните теми, а втора тема, се разбира, дека треба да биде договор за потреба од одржување на предвремени избори, врзано со промените на Уставот, бидејќи ако секојдневно слушаме – имаме пратеници од опозицијата итн – во парламентарното мнозинство нема единство околу ова прашање, рече тој.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа