Македонија
8. February 2021 - 20:07

Трајанов: Криминалот разорно дејствува врз целокупниот систем на државата и мора да се менуваат работите

Пратеникот Павле Трајанов во Тема на денот во Дневникот на Сител рече дека Македонија е високо криминализирана држава.

-Тоа е факт. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мора да се справиме. Криминалот разорно дејствува врз целокупниот систем на државата и мора да се менуваат работите. Мора системски промени, мора да имаме заокружен и ефикасен систем. Значи, долго време како партија и јас како претседател на таа партија се ангажираме за проектот декриминализација. Војна против криминалот да се имплементира, рече Трајанов.

Вели дека седумте државни институции чија работа е борбата со криминалот не се координирани.

-Не може Владата да ги координира тие тела. Затоа ние предлагаме Закон за борба против корупцијата и организираниот криминал. Предлагаме и формирање на Агенција што ќе ги координира сите активности, рече Трајанов.

Вели дека политичка волја кај власта ниту имало, ниту ќе има во иднина за борба против криминалот и корупцијата.