Македонија
10. August 2015 - 13:55

Трагично загина велешанка скокајќи од 9 кат

Жена скокна од деветти кат на кулата во центарот на Велес. Падот од 30-тина метри височина бил фатален и таа починала веднаш.
 
Настанот кој ги вознемири жителите од објектот на улица Илинденска бр. 2 се случи денеска околу 10:00 часот. Го пријавил еден од соседите кој ја видел жената како паднала од горните катови. Со неа на земја паднало и кебе, пишува порталот Лисица.
 
На лице место дојдоа екипи на крим-техника кои извршиле увид.
 
Инаку соседите коментираат дека жената била тивка и повлечена. Немала несогласувања со нив.