-->
-->
Трагедија: Загина познатиот српски рапер
-->
Српскиот рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, загина денеска во близина на Наутичкиот клуб „Земун“, откако при параглајдерство паднал во вода.
Како што пренесуваат српските медиуми, тој загинал околу 15,30 часот, а од водата го извлекле неговите пријатели.
Веднаш била повиката медицинска помош, но лекарот констатирал смрт.
За српскиот Курир очевидци раскажаа за трагедијата тие велат дека телото на раперот го пренеле неговите пријатели со чамец.
- Тој беше на парагладерот со уште тројца другари кои го прателе со чамец додека летал, тие го извлекле од водата. Не знаеме каде настрадал но го однесоа до клубот бидејќи таму единствено може да пристигне Итната помош, раскажуваа очевидците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велигденска хуманитарна акција во Струмица
-
Бројот на пловила се зголемува, но нема марина
-
Преглед на вестите од светот
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува