Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место „Крива река“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта.
Според обвинителката Виолета Милчовска, телото на момчето било предадено на обдукција и од досегашните наоди нема знаци на насилство и се чекаат токсиколошките анализи за да имаат појасна слика за причините за смртта.
И од полицијата потврдуваат дека вчера околу 12 часот било пријавено дека во близина на Струмица, на необработена нива, било пронајдено безживотно тело на 19 годишно момче од Струмица.
- Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, се наведува во информацијата од СВР Струмица.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за смртта на момчето и како тоа завршило на локацијата каде бил пронајден.
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
-

Без вода дел од Центар и Пржино
-

Муцунски во Брисел на средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и други претставници на ЕК и ЕП
-

Авион на „Ер Канда експрес“ удри во возило на аеродромот во Њујорк
-

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини
