-->
-->
Трагедија во Србија: 12-годишно девојче се самоуби со бесење во бањата
-->
Девојче (12) се самоуби со бесење во бањата, а татко ѝ го пронашол безживотното тело во семејниот дом во Лазаревац. Брзата помош залудно се обидувала да го реанимира девојчето.
Таткото на девојчето синоќа пријавил во полиција дека неговата ќерка се самоубила.
На лице место било утврдено дека девојчето внесело столче во бањата и со јаже се обесило на држачот за туширање.
– На местото на настанот излегла екипа на Итна помош која направила обид за реанимација, но кај девојчето била констатирана смрт на лице место – велат оттаму.
Според првичните информации, на лице место не е пронајдено проштално писмо.
Истрагата е завршена, а телото на девојчето е однесено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на Воениот комитет на НАТО посветен на руското нарушување на воздушниот простор на Пактот
-
Трамп на арапските лидери ќе им го претстави предлогот за мир и управување со Газа по војната
-
Бил Гејтс вложува 912 милиони долари во борба против СИДА, туберкулоза и маларија
-
Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан
-
Сончево до среда, од четврток промена на времето
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа