-->
-->
Трагедија во Мексико Сити: Се урна надвозник при минување на метро, најмалку 20 загинати и над 70 повредени
-->

Надвозник се урна во главниот град на Мексико во момент кога низ него минуваше метро. Има најмалку 20 загинати и над 70 повредени, јавија локалните медиуми.
Засега не се познати причините за трагедијата.
Инцидентот се случил на отворен дел од системот за брз транзит. Снимките за надзор покажуваат движење на автомобили и моментот на уривањето.
Сообраќајот со метрото е запрен. На местото на трагедијата се упати и градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум. Речиси 5,5 милиони луѓе користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
