Трагедија во Германија: Србинка убиена од поранешниот сопруг

Србинка убиена на автопатот кај Франкфурт, пишува германски Билд.
Според порталот, убиството се случило минатата сабота околу 20 часот на автопатот А661 во правец на Офенбах.
Се сомнева дека жената со неколку убодни рани ја убил поранешниот сопруг, кој наводно не е српски државјанин.
„Трагедијата се случи минатата саботна вечер, кога жената, била пресретната од нејзиниот поранешен сопруг на автопатот во близина на Франкфурт. Тој ја избодел неколку пати со нож во вратот, а таа воопшто не успеала ниту да го напушти возилото“, вели извор на Курир, запознаен со случајот.
Жената била во нејзиниот автомобил „опел астра“, а со автомобилот ја следел поранешниот сопруг, кој во еден момент ја престигнал и ја принудил да застане на коловозната лента, а потоа веднаш ја нападнал, пренесува изворот на германскиот медиум и додава дека граѓаните повикале полиција, пријавувајќи сообраќајна несреќа.
Таа била во критична состојба е пренесена во болница, каде ѝ била извршена итна операција, но два дена подоцна им подлегнала на тешките повреди“, велат изворите на „Билд“. Според германските медиуми, осомничениот веднаш бил уапсен и приведен.
Кој бил точно мотивот за страшното злосторство се уште не е со сигурност утврдено, но се претпоставува дека е љубомора и нарушени односи меѓу поранешните сопружници“, рекол изворот.
На местото на трагедијата полицијата го пронашла автомобилот на жртвата, а возачкото седиште и вратата биле облеани во крв, додека стаклото било скршено.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
