Трагедија во Германија: Мајка ги фрлила своите две деца од балкон, а потоа и самата скокнала

Семејна трагедија се случила ноќеска во германскиот град Сарбрикен, откако мајка, од тераса на прв спрат, ги фрлила своите деца на возраст од една, односно три години, а потоа и самата скокнала во обид да изврши самоубиство.
Тригодишното девојче им подлегнало на повредите во болница, нејзината едногодишна сестричка минала без посериозни повреди, додека нивната мајка е во кома.
Од полицијата велат дека е отворена истрага за убиство и обид за убиство против 38-годишната мајка која сè уште не е сослушана порди тешката здравствена состојба во која се наоѓа. Се очекува таа да биде префрлена на натамошно лекување во болницата во Хамбург.
„Тригодишното девојче им подлегнало на повредите. Само среќа ја спасила нејзината помлада сестра која не добила сериозни повреди. Изгледа малечката имала ангел чувар“, изјави портпаролот на полицијата.
Мотивот за трагичниот настан засега е непознат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
