Македонија
3. July 2019 - 10:07

Трагедија во демиркаписко - загина тракторист

На 02.07.2019 година во 11.30 часот било пријавено дека на локалниот пат за с.Корешница, демиркаписко, Е.Е.(62) од с.Корешница, управувајќи трактор без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел. Е.Е. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.