Македонија
29. November 2017 - 12:56

Трагедија во авто- работилница- маж починал додека поправал автомобил

Во механичарска работилница на улица „Иво Лола Рибар“ во Прилеп Ѓ.А.(65) од Прилеп вршел поправка на патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со прилепски регистарски ознаки сопственост на С. Д., при што од непознати причини избувнал пожар во возилото. Ѓ.А. со црево се обидел да го изгасне пожарот, но во еден момент паднал во безсознание. Од екипа на Итна медицинска помош Ѓ.А. е пренесен во Медицински центар Прилеп каде е констатирана смрт. Од обавен разговор дознаено е дека починатиот боледувал од срце. Од страна на Противпожарна екипа Прилеп пожарот е изгаснат. Увид ќе се врши во текот на денов.