Трaгедија: Тринаесет лица загинаа во шумски пожар во Тенеси

Тринаесет лица загинаа во шумски пожар, кој беснее неколку дена во близина на градот Гатлинберг во сојузната американска држава Тенеси, јавија американски медиуми.
Дванаесет од жртвите се директно поврзани со огнената стихија, а 13-та починала од срцев удар, бегајќи од огнот, изјави претставник на властите на прес-конференција.
Тој додаде дека 86 лица добиле медицинска помош поради повредите, со кои се здобиле во пожарот.
Над илјада згради изгореле или се оштетени и продолжува потрагата по евентуални нови жртви.
Гувернерот на Тенеси Бил Хаслам изјави дека телефонски го побарале претседателот Барак Обама и новоизбраниот шеф на државата Доналд Трамп.
Агенцијата за вонредни состојби предупреди дека Тенеси и натаму е под закана од нови пожари поради сушата која и натаму трае.
На почетокот на неделата пожар избувна во националниот парк Грејт Смоуки и брзо се прошири поради силните ветрови со брзина од 140 километри на час. Оттогаш пет торнада исто така помогнаа во разгорувањето на огнот.
Ново на Сител
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
