Трагедија на Велигден: Мајка и ќерка починале во сауна во Чешка
Две жени починале во сауна на северот на Чешка откако кваката на вратата отпаднала поради што тие две останале заробени внатре во сауната, соопшти чешката полиција.
Инцидентот се случил во саботата навечер во близина на градот Јилчин, северо-источно од Прага, пренесе АФП.
– Мајката (65) и ќерката (45) биле во сауна кај пријател. На сопственикот му се присторило дека се долго време во сауната па отишол да провери што се случува и ги пронашол мртви, изјави портпаролката на полицијата Ива Кормосова.
Таа додала дека тие двете во сауната поминале 90 минути.
– Кваката на вратата беше искршена и жените биле заробени внатре. Тие се обиделе да га скршат прозорецот на вратата од сауната но не успеале, рекла Кормосова.
Итната служба на лице место прогласила смрт на жените.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата