Трагедија на автопатот кај Ниш: Војници застанале на лента за запирање, шлепер ги покоси

Двајца припадници на Војската на Србија загинаа во страотна сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 22.40 часот на автопатот Белград - Ниш недалеку од селото Дражавац.
До незгодата дошло кога шлепер со белградски регистарски таблички кој се движел од правец на Белград кон Ниш, удрил во две транспортни возила „пух“ кои биле паркирани во лентата за запирање.
-Војската запрела зошто на еден од возачите му се чинело дека нешто не е во ред со еден од камионите. Возачите излегле пред возилото кога на нив налетал камион и ги усмртил двајцата. Вистинска среќа е што никој друг не загинал зошто „пуховите“ биле полни со војска - вели еден од очевидците на трагедијата.

Како што дознаваат медиумите, загинатите лица се припадници на воената полиција кои припаѓаат од единицата од Ниш. На самото место дошол обвинител од Алексинац и полицијата која извршила увид.
Причините за несреќата се утврдуваат, и она што до сега се знае е дека, од засега неутврдени причини, камионџијата не ја забележал војската иако тие при запирањето вклучиле ротациони светла.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
