-->
-->
Трагедија ја потресе Македонија: Еден загинат и четворица тешко повредени при истовар на мермер во Кочани
-->
Едно лице починало, а четири други работници се здобиле со потешки повреди при истовар на мермер во фирма во Кочани.
Несреќата се случила попладнево околу 17 часот во близина на градската капела, при што неколку мермерни плочи ги пригмечиле лицата кои ги истоварале од камион.
Според првичните сознанија од дежурниот хирург во Општа болница- Кочани, едно лице било донесено без знаци на живот, а други двајца со апарат за вештачко дишење се препратени во Клиничкиот центар во Скопје.
Останатите се задржани на лекување во Кочани.
Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар