Македонија
26. јуни 2016 - 15:06

Трагедија ја потресе Македонија: Дете почина во несреќен случај во Куманово

Шестгодишно дете почина во несреќен случај, што се случи претпладневно во лифт во станбена зграда лоцирана помеѓу булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и улицата „Панчевачка“ во Куманово. Момчето живеело во станбената зграда.

Случајот го потврди кумановската полиција. На местото на несреќата беа екипи од ТППЕ Куманово и од Итна помош од каде потврдија дека детето имало повреди на главата.

Во моментов се уште трае увидот што го вршат екипи на СВР Куманово и Основното јавно обвинителство кој ќе ги покаже причините за настанување на несреќата.