Македонија
5. August 2016 - 20:32

ТРАГЕДИЈА: Близначиња починаа заборавени во автомобил

 
Петнаесетмесечни близначиња починаа во САД од изложеност на висока температура, откако таткото ги оставил во автомобил на сонце.
 
-Аса Норт, татко на настраданите бебиња, уапсен е под обвинение за двојно убиство од небрежност, изјавил полицискиот портпарол во градот Каролтон, околу 80 километри одалечен од Атланта.
 
Полицијата добила повик да интервенира и го затекнала таткото како во блискиот базен се обидува да ги разлади децата, но по итното префрлање во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на близначињата.
 
Полицијата случајот сè уште го води како смрт во прегреан автомобил, а треба уште официјално да се утврди причината за смртта.
 
Во местото каде што се случила трагедијата, температурата била повисока од 30 степени.