Балкан
13. May 2017 - 17:26

Трагедија: 23 лица загинаа во страотна автобуска несреќа

Дваесет и три лица загинаа денеска во автобуска несреќа во околината на туристичкиот турски град Мармарис, во округот Мугла, а други осум лица се тешко ранети, изјави градоначалникот Амир Чичек, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“. 

Автобусот превезувал локални туристи, претежно жени и деца, кои патувале кон Мармарис од западниот округ Измир на еднодневна екскурзија. 

Возилото удрило во карпа и се превртело, откако претходно возачот загубил контрола врз него. 

- Во авотбусот немало странски туристи, посочи Чичек.

- Причината за несреќата се истражува. Можно е да имало проблем со кочниците, додаде тој.