Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“

Амбасадата на Република Словенија во Скопје, во партнерство со Меѓународните училишта NOVA и Земјоделскиот институт на Македонија, го одбележа годинашниот Традиционален словенечки појадок под слоганот „Мојот избор е словенечка храна“.
Како што информираат од Амбасадата, настанот е дел од националната словенечка иницијатива за подигнување на свеста кај младите за здравата исхрана, важноста на редовниот и балансиран појадок и придобивките од локално произведената храна.
-Посебно внимание привлече едукативната игра „Buzzing Future“, создадена од Словенечката амбасада во Копенхаген во соработка со UN Global Pulse и партнерските организации. Преку интерактивен пристап, децата учеа за климатските промени, глобалните предизвици и улогата на пчелите како симбол на еко - системската рамнотежа. Играта им помогна на учениците да размислуваат критички и креативно за последиците од човечките одлуки и за можните решенија за одржлива иднина. Настанот официјално го отвори директорот на NOVA, Иван Новаковски, а присутните ги поздрави и амбасадорот на Република Словенија во земјава Грегор Прескер, кој ја истакна важноста од промовирање здрави животни навики, локалната храна, улогата на земјоделството и пчеларството, како и потребата од одговорно управување со отпадот и пакувањата, стои во соопштението.
Во рамките на програмата, Земјоделскиот институт одржал едукативна сесија. Претставничката Марија Ѓошева Ковачевиќ и пчеларот Марјан Арсов презентирале кратко предавање и квиз за хранливата вредност на медот и значењето на редовниот и здрав појадок. Тие ги охрабриле децата да го препознаат медот како важна храна со бројни придобивки.
Преку активности и практични демонстрации, настанот ги поттикнал младите да научат повеќе за важноста на редовниот и балансиран појадок, изборот на здрави и локално произведени намирници, улогата на земјоделството, пчеларството и прехранбената индустрија, заштитата на животната средина и правилното постапување со отпад.
Ново на Сител
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
-

Европските демократии се под закана како никогаш досега, вели германскиот претседател
-

Рускиот гас би можел да се врати во Европа додека во Украина сè уште трае војната
-

Советници на Трамп работеле за Додик, Трамп вели: Ако има судир на интереси, веднаш ќе ги отпуштам
-

Сончево и релативно топло со мала локална облачност
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
