Традиционална манифестација „Охридска софра“ оваа сабота во Скребатно
Во рамки на активностите Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид за промоција на алтернативниот туризам во охридскиот регион, в сабота во излетничкото место Скребатно ќе одржи манифестација „Охридска софра“.
Станува збор за манифестација што е своевидно продолжување на традициите врз кои се темели нашиот рурален развој, преку која се презентира креативноста на жителите, производителите на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна.
Годинава во приготвување на специјалитетот „ѓомлезе“ ќе се натпреваруваат 12 мајстори, кои ќе ги употребат сите свои готвачки знаења и вештини за освојување на наградите, што се повеќе симболични и воглавно за престиж и докажување меѓу самите напреварувачи.
Официјалниот почеток на манифестацијата ќе биде во 9 часот, по што ќе следи дегустација, оценување и сумирање на резултатите. Некаде околу пладне ќе бидат прогласени победниците и ќе бидатдоделени наградите. За убавото расположение ќе се погрижи вокално инструменталниот состав „Низалка“.
За граѓаните кои сакаат да ја проследат Манифестацијата организиран е бесплатен превоз до Скребатно. Поаѓањето е во 9:45 часот пред „Охридска банка“ и во 10 часот пред Домот на културата во село Лескоец.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија