Традиционална иселеничка средба кај Пирго во Мокриево

Под стогодишните јавори на историското место Пирго кај селото Мокриево во општина Ново Село се одржа традиционалната иселеничка средба. Веднаш по завршувањето на селската слава Свети Пантелејмон, се собираат печалбарите и останатите на ова место, каде цел ден дружат со музика на познати македонски изведувачи.
Организатори на манифестацијата, која вчера собра голем број посетители, се нашите иселеници во Италија и во Швајцарија.
- Ние сме иселеници во овие две држави и имаме асоцијација преку која соработуваме и таму, а го организираме и овој настан тука во родниот крај. Јас девет години живеам во Италија, во Пјаченца. Според нашите бројки, во овие краишта има околу 8 илјади иселеници од Македонија, вели организаторот Марјан Петров.
Петров, објаснува дека последниве години се намалил бројот на нашинци кои доаѓаат во Италија, но според него, нова дестинација е Швајцарија.
- Последниве две години сопре напливот на наши луѓе во Италија, но сега одат за Швајцарија. Најмногу работиме во градежништво, каде што најмногу се плаќа. Родниот крај си е роден крај и сакаме да се вратиме, но откако ќе ги школуваме и вработиме децата. Тука сепак стандардот е многу низок, вели Петров.
Во селата од струмичкиот регион јули и август се месеци на иселенички средби зошто и најголемиот број печалбари се враќаат во Македонија пред и по празникот Свети Илија.
Ново на Сител
-

34-годишник се обидел да силува 22-годишна девојка во струмичко
-

Кривична за 38 годишен тетовец, оставил писмени закани кон деканот и останатите професори на факултетот
-

До крајот на годината „Безбеден град“ ќе казнува непрописно паркирање и запирање на булеварите
-

Дендијас: Западен Балкан е потенцијален извор на дестабилизација, Европа не смее да го занемари
-

Министерството за правда: По 30 години, нов Кривичен законик
-

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно богат за да си купи оружје
-

Јамболии, пелени и влажни марамчиња секојдневно ја затнуваат скопската канализација
-

„Безбеден град“ прогласен за најдобар проект за сообраќајна безбедност во Дубаи
