Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно
Истрагата за трагедијата во Кочани се уште е во тек. Досега се осомничени 68 физички и три правни лица. Во никој случај не може да стане збор за селективно постапување, МВР постапуваше исклучиво во соработка и по наредба на јавен обвинител, не се гледаше дали се работи за маж или жена, за човек од Скопје или од Кочани, за каква било политичка припадност. Се работеше исклучиво од апскет на расветлување на трагедијата за оние што имаат вина да одговараат согласно законот. Да се реагирало вака во минатото, немало да се случуваат вакви незгоди во континуитет, да се имало ваков сериозен пристап при спроведување истрага капацитетите на државата ќе беа поинакви од овие што се сега, рече попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Одговорајќи на прашање што му го постави пратеникот Реџеп Исмаил, Тошковски уште еднаш напомена дека јавноста денес и тоа како може да направи разлика во постапувањата, во начинот како се спроведуваат сега и како се спроведувале изминатите години.
-Разликата е огромна од аспект на тоа како е постапувано во овој предмет, а како во другите трагедии каде загинаа 75 лица. И граѓаните прават разлика. Досега за три трагични случаи не е поднесена ниту една пријава од МВР и немало ниту еден осомничен. Сега МВР има поднесено четири кривични пријави против сите лица за кои во соработка со јавен обвинител е утврдена врска со настанот и има основи на сомнение. Првпат за министер, тројца градоначалници и неколку министри за економија има мерки за обебзедување присуство, потенцира Тошковски.
Тој најави дека во вторник јавноста ќе види што се треба да се преземе за да имаме, како што рече, нормална држава.
-За жал, за девет месеци не можеме да го смениме она што е труло во изминатите 30 години, но можеме да покажеме разлика, дека навистина можело поинаку и тоа го покажуваме, истакна Тошковски.
Исмаил рече дека не е задоволен од одговорот и оцени дека Тошковски треба да поднесе оставка.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби