Тошковски: За 24 часа расчистен е обид за убиство во Скопје
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека за 24 часа расчистен е обидот за убиство во Скопје.
Во врска со кривично-правен настан случен на ден 08.03.2024 година околу 19:00 часот каде што лицето М. А. (32) од Скопје е нападнато од 5 НН лица при што истото се здобило со 10 убодни рани од нож и расекотини во пределот на градите, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје сторителите се откриени и приведени и утврдено е дека се работи за лицата Х. Е., С.Е., Б. Е., И.Е. и Ј.Б, истакна Тошковски.
„На ден 09.03.2024 година во просториите на Единица за насилен криминал извршен е разговор со лицата Х. Е., С.Е., Б. Е., И.Е. за кои разговори се сочинети службени белешки, додека лицето Ј. Б. во моментот е недостапен за органите на прогонот.
Од страна на полициски службеници од ЕНК и полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар извршена е дополнителна претрага на лице место каде што подигнати се брис од трага слична на крв и шрафцигер со сина рачка.
Во координација со ОЈО Скопје од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава за кривично дело “Убиство“ во обид, предвидено и казниво по член 123 вв член 19 од КЗ против сите пет лица. Од страна на судија на претходна постапка на лицата Х. Е., С.Е им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата Б. Е., И.Е определена им е мерка домашен притвор“, посочи Тошковски.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста