Македонија
31. March 2024 - 16:43

Тошковски: Викендов одобрени 20 илјади барања за издавање лични карти за жители на Скопје

За Околу 20 илајди жители на Скопје, МВР одобри барања за издавање на лични кати  Техничкиот министер Пачне Тошковски при денешната посета на пункотот „Пролет“ информирал за одобрувањето на личните исправи.

Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000.

Тошковски најави дека и во следните викенди ќе работат подрачните единици во неколку градови од внатрешноста каде 40тина лица во Штип, Велес, Тетово и Куманово даваат поддршка во процесот на одобрување на барањата за издавање лични документи.

Министерот за внатрешни во техничката влада, претходно информираше дека новиот модел на достава на личните карти за жителите на Скопје преку полициските станици за четирипати го зголемите бројот на досатвени документи.

Претходно, тоа го правеа полициски службеници кои готоовите документи лично на домашната адреса им ги доставуваа на жителите на Скопје.