Тошковски: Секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност

Во изминатата година разбивме14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година.
Владата и МВР, посочи, нема да седат со скрестени раце додека криминалот ни ги уништува животите, туку ќе заштитат секој граѓанин.
Тошковски наведе дека во борбата против дрогата откриле над 860 кривични дела и заплениле над 430 килограми наркотици, меѓу кои рекордни количини кокаин, спречиле три обиди за меѓународен шверц и откриле злоупотреби кај компании за произвдоство на канабис, од кои одзеле над шест тони марихуана.
- Ова покажува дека нема недопирливи и дека правдата ќе стигне до секого, без разлика на име и преземе или функција, рече Тошковски.
Во делот на корупцијата, потенцираше дека не молчеле и поднеле кривични пријави против 107 физички и 18 правни лица за корупција во здравството, енергетика, даночниот систем па дури и безбедносниот систем. Овие коруптивни шеми резултирале со штета на држвата од над 17 милијарди денари.
- МВР има преземено процесни дејствија со кои се надевам дека во иднина ќе се овозможат услови овие пари да бидат вратени на граѓаните, рече Тошковски.
Тој најави дека таа борба допрва ќе расте и како што нагласи, секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност.
Во однос на сообраќајот рече дека не е задоволен од фактичката состојба. - Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на улиците. Ова еедно од најважните работи на кои работиме, наведе Тошковски, најавувајќи функицоналност преку проектот Безбеден град.
Ново на Сител
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
