Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски

Новиот државен Јавен обвинител треба да биде обвинител што ќе даде поголем придонес во рамки на легитимитетот за борба против организиран криминал и висока корупција, кај граѓаните, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Прашан која е најголемата критика во работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за кого Владата бара разрешување, Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по јавната дебата за Безбеден град, рече дека „јасен е ставот на Владата во однос на тоа прашање“.
Владата на 11 февруари донесе одлука да поведе постапка за разрешување на Коцевски, а на седница на 18 февруари го разгледа мислењето од Министерство за правда и по сериозна дискусија го задолжила ресорното Министерство да достави предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител пред истекот на неговиот мандат, кој потоа, како што истакна портпаролката на Владата Марија Митева, ќе биде доставен до Советот на јавните обвинители.
-Постапувајќи по заклучокот кој беше донесен на претходната Владина седница со која го задолживме Министерството за правда да преземе активностите во однос на поведување на постапка за разрешување на Јавниот обвинител, Министерство за правда го достави мислење во кое се нотирани следниве состојби: како прво нарушениот углед на институцијата со која раководи јавниот обвинител, затоа што чувањето на угледот на институцијата е должност која потекнува од Законот за јавно обвинителство, конкретно член 4 став 1. Понатаму, целокупната јавност во изминатиов период беше сведок на низа скандали, нарушена функционалност на ЈО, незаконски постапувања и корупција, неефикасност и повреда на принципите и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите, рече Митева.
Таа нагласи дека ваквите состојби се комплетно спротивни на обврските кои произлегуваат од законските надлежности, и оти за нив значителен бил придонесот на јавниот обвинител.
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, одговарајќи на новинарски прашања пред седницата на Советот на ЈО на 18 февруари, изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.
Коцевски во Собранието беше избран за нов државен јавен обвинител во февруари минатата година. Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години.
Ново на Сител
-

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами даде свечена изјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
