Торнадо во Атина, еден лице загина и едно исчезна

Поради обилните врнежи голем број од улиците во Атина се претворија во реки. 40 годишен маж загина откако со автомобилот во кој бил со неговата мајка, се заглавиле во водите на една улица и удриле во паркиран камион. Според грчките медиуми, двајцата се обиделе да излезат од автомобилот.

На почетокот биле смирени, возачот успеал да го скрши прозорот на совозачкото место за да ја извади неговата мајка. 75 годишната жена ја повлекла водата и по 400 метри била спасена. Меѓутоа, нејзиниот син ја немал истата судбина. Водата, веројатно го повлекла кон камионот, се заглавил под тркалата и починал. Сепак, официјално не е соопштена причината за неговата смрт.

Од вчера во тек е потрагата по 40 годишна жена која исчезна во периодот додека траеше невремето во Атина. Со својот автомобил тргнала да ги земе децата од училиште, но не стигнала. Сопругот го пријавил исчезнувањето во полиција,постојат сомневања дека се заглавила на некоја од улиците кои што беа поплавени, а според грчките медиуми, противпожарната служба пронашла превртен автомобил, и постојат сомневања дека е на исчезнатата, а потрагата се уште трае.
Над 4000 повици примила противпожарната служба од заглавени возачи во своите автомобили, од граѓани со проблеми од дождот, но и за пријавување на паднати дрва.
Невремето кое започна вчера, а продолжува и денес, урна трикатна зграда во Атина, остави и огромна материјална штета, а на удар беа и други делови од Грција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
