Топол и сончев викенд - Од наредната недела нов влажен бран

Времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од североисточен правец, долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
За време на викендот и во понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот од кој се очекува да наврнат поголеми количини на воден талог и значително опаѓање на температурата на воздухот.
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
