-->
-->
Топлото време предизвикува здравствени проблеми
-->

Топлото време и екстремно високите температури што ја зафатија Македонија можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми кај наслението, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.
Особено лоши биометеоролошки услови, според синоптичарите, ќе има во текот на претстојната ноќ. Можни се главоболки, болки во колената, на грбот и вратни болки. Во ноќните часови, пак, се очекува честа појава на општа слабост, а кај некои ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови, болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени, ќе бидат се подолготрајни, укажува УХМР.
Времето и утре ќе биде сончево со високи температури кои ќе достигнат до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде 8.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
