Живот
27. October 2015 - 10:07

Топ 5 емотикони кои се користат погрешно

Понекогаш е полесно да се изрази мисла со слика отколку со зборови, но и тоа може да се разбере погрешно. Благодарејќи на трендот кој дојде од Јапонија, денес имаме избор од илјадници икони кои сликовито ги опишуваат нашите емоции. И додека едни се многу јасни, други останаа погрешно разбрани. Американската интернет страница Bustle  состави топ 5 емотикони кои погрешно ги користиме. 

1. Поспано лице

Овој емотикон изгледа како да плаче, но солзите всушност претставуваат поспано лице. Во манго културата и анима ликовите сините солзи се користат за да прикажат лик кој спие.

2. Гордо лице

Не, овој емотикон не се лути, туку „пука“ од гордост. Воздух дува низ носот и на тој начин покажува моќ и гордост.

3. Симбол за висок напон

Ознака за струја претставува тоа што е - ознака за висок напон или невреме. Тој симбол најчесто се користи меѓу вљубениците во ликот на Хари Потер како симбол за неговата лузна на челото.

4.Вртоглавица

Ви се врти во главата и гледате ѕвезди? Тогаш ова е симбол кој сакаш да го користиш. Често е погрешно разбран како ѕвезда која паѓа.

5. Хотел за љубовници

Овој симбол не е никаква болница. Тој означува „љубовници“ кои се состануваат на неколку часа во хотел.