Тони Блер бара втор референдум за Брегзит

Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска одново побара британските гласачи треба да добијат втора шанса да се произнесат за одлуката за излез на Велика Британија од Европската унија, откако ќе бидат јасни условите за Брегзитот.
Блер посочи дека Лабуристичката партија, што тој ја предводеше 13 години, треба активно да се спротивстави на Брегзитот, наместо да се согласува со плановите на британската премиерка Тереза Меј.
- Сакам да кажам нешто, многу, многу просто: во 2016 година вие знаевте дека саката да излезете од ЕУ, но не ги видовте условите за алтернативниот однос со неа. Ако, откако ќе ги видите тие услови, мислите дека е подобро да останеме во Унијата, имате право да се изјасните по тоа прашање, нагласи поранешниот британски премиер.
Тој додаде дека ставот на лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин за Брегзит, кој го поддржува излезот на Велика Британија од Унијата, е погрешен.
Ново на Сител
-

Одбраната на Васе Анакиев тврди дека тој не барал поткуп, обвинителството тврди дека поседува цврсти докази
-

WIK отвора нов погон во ТИРЗ Прилеп за поправка на кафе апаратите од цела Европа
-

Димитриеска-Кочоска: Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
