Том Круз ја напушта скиентологијата
Се чини дека Том Круз повеќе не може да го толерира мешањето на Скиентолошката црква во неговиот приватен живот па е на чекор да ја напушти, пренесува списанието „Ок“.
На актерот, според списанието, најтешко му паднало тоа што поради обврските во црквата, не ги проследил најважните моменти во животот на својата деветгодишна ќерка Сури, а сега е подготвен да го исправи тоа.
Круз планира да ја земе ќерка си со себе на светската промоција на филмот „Mission Impossible: Rogue Nation“.
- Така ќе помине квалитетно време со Сури која не ја видел со месеци и која ужасно му недостига, вели извор познат на списанието.
Том ја доби Сури од бракот со колешката Кејти Холмс, кој се заврши во 2012 година. Тогаш медиумите шпекулираа дека Скиентолошката црква имала удел во разводот со тоа што се мешала во односот на сопружниците.
Ново на Сител
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот