Том Холанд го нарече херој момчето кое витешки ја спаси својата помала сестра
Том Холанд, актерот познат по улогата на Спајдермен, го нарече 6-годишното момче херој кое со својата храброст го ризикуваше својот живот за да ја спаси својата помала сестричка од напад на агресивно куче.
Сторијата на момчето стана многу популарна и се рашири на социјалните мрежи кога за прв пат неговата тетка Никол Валкер ја објави прва веста за храбриот потег на 6-годишниот Бриџер.
- Мојот внук е херој кој ја спаси неговата помала сестра од напад на куче. Тој, самиот беше нападнат од кучето во обид да ја одбрани својата сестричка, за да не биде таа повредена. Подоцна тој изјавил „Јас бев тој што требаше да умре, мислев дека тоа треба да сум јас“, напиша тетката на Бриџер на својот инстаграм профил.
Подоцна тетката на Бриџер објави и видео во кое момчето добива телефонски повик од Том Холанд кој го поканил момчето на снимање на сетот за најновиот филм за Спајдермен.
Ново на Сител
-
Уапсен битолчанецот кој извршил обид за убиство
-
Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио
-
Судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози одложено за 5 септември
-
Зеленски побара ЕУ да го „заобиколи“ ветото на Унгарија за членство на Украина во Унијата
-
Двајца Албанци обвинети за улов на охридска пастрмка кај Свети Стефан
-
Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја
-
Седница на Советот на јавни обвинители
-
САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија