Македонија
26. April 2024 - 16:32

Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана

Пукна радијатор и направи хаварија на Токсикологија. Клиниката веќе извесен период е во центарот на вниманието поради несогласувањата на вработени со организациската директорка и нефункционирањето на токсиколошката лабораторија. Синоќешните поплавени ходници, чекална, подрум и одделение за сметководство, само ги извади на површина проблемите во установата.

-Поплава на Токсикологија синоќа по полноќ имало, а за тоа сведочат ќебињата кои се уште се цедат од водата што ја собирале низ ходниците. Медицинскиот директор преку соопштение информира дека биде поплавени лекарски и болнички соби, но кој ќе ја плати штетата допрва ќе утврдуваат. Организацикста директорка не даде никаква изјава....

Ве известувам дека ноќеска во 01.00 часот по полноќ пукна радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат од клиниката. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но неуспеале да го сопрат истекот на водата во следните 40 тина минути, при што повикано е лице од клиниката кое помогнало да се сопре водата од главните вентили, вели во писменото известување медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петровски.

Според документот што го добивме од установата, организациската директорка нема електронски потпис на договорот за осигурување па клиниката не е осигурана веќе 2 месеци. За тоа алармираа и група вработени кои пред неколку денови писмено ја известија јавноста. И министерот вели дека тоа е законска обрска, но ќе проверел дали навистина нема потписи од двајцата директори.

-не е законски и за тоа менаџментот на установата трена да преземе одговорност. Ако е вистина ова што го кажувате, треба да се провери дали има договор или не, вели Илир Демири, министер за здравство.

Несогласувањата на двајцата директори се за 18 лица од Токсикологија на кои договорите за дело им се истечени на крајот на 2023, не се продолжени и незаконски облекуваат бели мантили и работат со пациенти. Тоа го контатираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат а денеска истото го потврди и трудовиот инспекторат.

-:Кај наведениот субјект, при надзорот затекнати се 7 лица,кои биле ангажирани за вршење на работни задачи со договори за дело,заклучно со 31.12.2023г. Од наведените лица 4 лица биле ангажирани на рботно место-администратор и 3 лица на работно место-хигиеничар,со кои работодавачот во моментот на надзорот нема засновано работен однос и истите не треба да бидат присутни во просториите на наведената установа

Истовремено се издадени и прекршочни платни налози за правното и одговорното лице,со изречена глоба,поради констатиран прекршок, согласно одредбите од ЗРО.

За министерот било неправда што 18 те лица не добивале плата овие 4 месеци, иако незаконски работат.

За случувањата на Токсикологија реагираат и од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, кад емеѓу останатотот прашуваат

-Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на на клиника за Токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените

Организациската директорката беше поставена на функцијата ден пред распишување на изборите.