Балкан
27. December 2018 - 22:39

Тој за чудо ја преживеа страотната експлозија на автомобил во Земун: Кучето Баџа остана неповредено, било во багажникот

Во експлозија на црн мерцедес караван во Земун, на самото место загинал возачот Н.Б. (48).

Во автомобилот немало други патници, а во багажникот се наоѓало куче. Кафеавиот јазовичар по име Баџа ја преживеал страотната експлозија која целосно го уништила автомобилот.

Екипата на итната помош брзо стигнала на местото на несреќата и го затекнала возачот на автомобилот што експлодирал како дава знаци на живот, но по неколку мигови починал.