Тој смее да убива но него никој несмее - Овој инсект не смее да се убива ни во самоодбрана

Ако го убиете овој опасен инсект дури и во самоодбрана ви се заканува казна од два милиони динари. Ако не планирате на време да платите, ќе завршите во затвор.
Во Србија моментално има наезда на стршлени чии убоди можат да бидат кобни, но малку знаат за тоа дека ако овој инсект го убијат дури и во самоодбрана, им се заканува казна од од 500.000 до 2 милиони динари.
Стршленот во Србија е заштитена врста која не смее да се убива.
Покрај тоа овој најголем непријател на пчелите кој е битен за одржување на еколошката рамнотежа, се наоѓа на црвена листа на загрозена врста.
Директорката на заводот за медицинска екологија др. Драгана Деспот објаснува дека заштитата на стршлените е како и за другите животни регулирана со правилникот на строго заштитени диви врсти на билки и животни.
Стршлените моментално се премногу активни бидејќи собираат храна за во зима, а во тоа им смета присуството на луѓе. Тоа ги иритира па стануваат агресивни, поради што напаѓаат луѓе.
Да се подсетиме, на почетокот на август после убод на стршлен почина Ѓоко Радановиќ (45) од Срезојевец.

Ново на Сител
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
