Тодоров: Завршени над 93 отсто од подготвителните работи за изградба на Штипската болница

Над 93 отсто од подготвителните градежни работи за изградба на новата современа Клиничка болница во Штип се завршени, соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров по неговата работна посета на болницата. Во новата болница се инвестираат над 30 милиони евра, а во неа ќе има најсовремена медицинска апаратура и услуга за потенцијалните 200.000 пациенти од источниот регион.
- Во наредниот период се продолжува со ист интензитет и динамика со предвиденото за изградба на нова Клиничка болница. Генерално сум задоволен како оди делот на изградбата, со тоа што кога ќе се изгради новиот објект практично ќе се срушат овие објекти кои што се поприлично стари и во многу лоша состојба и од тие причини решивме наместо да се реконструираат да имаме комплетно нова болница, вели Тодоров.
Министерот за здравство ги посети и одделенијата за ортопедија, гинекологија и центарот за ренгент, каде што се добиени нови современи медицински апарати, со кои пациентите добиваат современа здравствена услуга.
- Набавен е и нов лапараскоспки стол кој што веќе ставен во функција во операциона сала, со што ортопедите ќе можат да имаат подобри услови за работа и нормално повисок степен на квалитет на услугите, а ќе можат да се воведат и нови методи. Набавен е и нов подвижен ренген апарат за во сала, кој ќе овозможи подобро функционирање на целиот ортопедски тим. Исто така добиен е нов анезтезиолошки стол. Набавено е ехо за кардиографија, со што практично ќе се заокружи целиот дијагностички и интервентен дел на кардиологијата, вели Тодоров.
Забележа дека одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип одлично функционира, а како што рече Тодоров досега се реализирани над 1.800 процедури на оваа одделение.
- Исто така, набавена е и нова опрема на гинеколошкото одделение, каде се набавени столови за родилната сала, нови цетегиња и други апарати кои се потребни за подобра и поквалитетно функционирање на гинеколошките тимови во Клиничката болница во Штип. Се вкупната вредност на набавената опрема е над 12 милиони денари. Опремата е веќе ставена во функција и за пациентите, вели Тодоров.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
