Тоциновски и Петрески - први добитници на наградата „Икар“
Писателите Васил Тоциновски и Христо Петрески се први добитници на нововостановената Меѓународна награда „Икар“ која ја доделува Заедницата на Македонците „Пела“ од Сомбор, Србија. Наградата се доделува за јакнење на меѓусебните културни, историски, пријателски, национални и соседски односи и врски.
Во Сомбор деновиве се одржа симпозиум на тема „Историјата како книжевност и активна размена“ во рамки на манифестацијата „Книжевно-историска сомборска пролет“, на која учествуваа и добитниците на наградата „Икар“, Тоциновски и Петрески.
На манифестацијата е потенцирано развивањето на духовната толеранција и постојаното негување на книжевното творештво и соработката со Македонија и соседните земји.
Веќе е воспоставена платформата СРМА (Србија-Македонија), односно Денови на македонско-српската култура, на кои учествуваат писатели, музички, филмски, театарски и други уметници, научни и општествени работници и други творци, а манифестацвијата се одржува во Сомбор - центарот на Западнобачката околија во Република Србија.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер