Тлото не мирува, трет земјотрес денеска во Охрид и околината
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала попладнево во 14 часот и 31 минути беше почуствуван во Охрид и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил во охридското подрачје. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од три до четири степени според Европската Макросеизмичка Скала. Ова е трет земјотрес почуствуван денеска во Охрид и околината.
Претходно, во 11:39 минути земјотрес со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала беше регистриран на 10 километри источно од Охрид. Овој земјотрес беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала, во Ресен и Струга со пет степени, а во Битола со интензитет од три до четири степени според истата скала.
Нема информации за предизвикана материјална штета, освен за вознемиреност на граѓаните кои излегоа пред своите домови стравувајќи од последователни потреси.
Првиот почуствуван земјотрес во охридското епицентрално подрачје денеска се случи во 9:58 минути и беше со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот, почувствуван во Охрид и околината, бил со интензитет од три степени според Европската макоросеизмичка скала.
Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена. Најсилниот се случи на 20 минатиот месец во 15 часот и 10 минути и беше со магнитуда од 3,6 стпени според Рихтер.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња