-->
-->
„Титаник“ денеска до 13 часот за да можат Груевски и Димовски да присуствуваат на собраниска комисија
-->
Со преслушување на „бомби“ денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.
Повеќето од разговорите се на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од 6 април 2013 година, во периодот меѓу првиот и вториот круг на локалните избори во 2013 година.
Од разговорите се слуша како Јанакиески договара списоци со гласачи, акции и можни опции за вклучување на гласачи од Пустец. Во еден од разговорите е Јанакиески со Н. Н. лице кое вели, “ќе прават скандал со овие од Пустец, на нив им одговара тоа, не треба да им се даде материјал да јадат г…а, нас тоа не ни одговара”.
Од снимките се слуша како Јанакиески ги координира сите за локалните избори, од членови на месни комитети до вработени во општини и компании.
Пред почетокот на рочиштето обвинетиот Илија Димовски побара денешната расправа да заврши до 13 часот за да може да присуствува на седница на собраниската Комисија за уставни работи. На барањето се придружи и обвинетиот Никола Груевски.
Судијата Осман Шабани, кажа дека се прифаќа барањето, но дека ќе се работи до 13 часот без пауза.
Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави