Тилерсон не ја напушта функциата државен секретар на САД
Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон негираше тврдења дека ја напушта функцијата и дека ќе биде заменет од актуелниот директор на ЦИА, Мајк Помпео.
На прашање на куса прес конференција дали има вистина во тврдењата на американски медиуми тој одговори негативно.
– Луѓето треба да најдат подобри извори, изјави Тилерсон.
Во петокот американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер дека работи добро со Тилерсон и дека високиот дипломат на САД нема да ја напушти функцијата.
Директорот на ЦИА одби вчера да коментира дали му е предложено да го замени Тилерсон во Стејт департментот наведувајќи дека е фокусиран на новата работа што ја извршува веќе 10 месеци.
Њујорк тајмс минатата недела објави дека Тилерсон ќе биде сменет од Помпео, а шеф на ЦИА ќе биде сенаторот републиканец Том Котон.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје