„Тиквеш“ откупи 25 милиони килограми грозје исплатено во законскиот рок

Винарската визба „Тиквеш“ откупи 25 милиони килограми грозје од последната берба и во законски определениот рок исплати 371 милион денари.
- Минатата година откупивме рекордни 25 милиони килограми по цени над пазарните, бидејќи откупуваме исклучиво високо квалитетно грозје и исплаќаме дополнителни бонуси за екстра квалитет. За нас почитувањето на договорените обврски, особено законската регулатива во овој домен, е императив и затоа со крајни напори успеавме да ги подмириме обврските, иако виното од бербата 2015-та допрва се пласира на домашниот и светските пазари, изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.
Од компанијата посочуваат дека нивна долгорочна стратешка цел е добрата соработка со лозарите, во насока на постигнување и одржување на високиот квалитет на грозјето, како предуслов за производство на врвно вино.
Во таа насока, винарницата, долгорочно ќе продолжи да го поддржува производството на грозје со висок квалитет со цел да ја оствари својата заложба за производство на висококвалитетно флаширано вино од Македонија и негова светска промоција.
Ново на Сител
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
