Loading Video...
Фудбал
11. October 2018 - 16:20

Тежок испит за младите македонски фудбалери

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година утре против Русија ќе го одигра претпоследниот меч во евро-квалификациите. 
 
По шесте врзани порази, односно победата и нерешениот резултат против врсниците од Ерменија во првиот и последниот меч, младите македонски фудбалери одамна се без никакви шанси за место кое би значело прогрес понатаму. 
 
Така, на избраниците на селекторот Добринко Илиевски, им останува само докрај чесно и борбено да ги одиграат последните два меча, и да покажат дека сепак во оваа генерација има талент, но и квалитет. 
 
Задачата на утрешниот меч против Русија нема да биде ни малку лесна, имајќи в предвид дека за противникот ова е исклучително важен меч, но од друга страна црвено-жолтите сигурно ќе сакаат да им вратата на Русите за поразот на првата средба во Скопје и тоа со гол примен во 94-тата минута. 
 
Средбата меѓу младите селекции на Русија и Македонија ќе игра утре со почеток од 18 часот и 30 минути
 

ТАБЕЛА   ГРУПА 7 

#

 

Тим

Нат

Поб

Нер

Пор

Гол+

Гол-

+/-

Бод

1

 

Србија

8

8

0

0

23

5

+18

24

2

 

Австрија

8

6

0

2

22

5

+17

18

3

 

Русија

8

5

1

2

18

9

+9

16

4

 

Ерменија

9

2

2

5

9

16

-7

8

5

 

Македонија

8

1

1

6

10

18

-8

4

6

 

Гибралтар

9

1

0

8

1

30

-29

3