Тевдовски: Нема потреба од ребаланс на буџетот за одвоените средства за референдумот
- Средствата одвоени за референдумот од 80 милиони денари се од резервни функции на државата и тоа нема да предизвика ребаланс на Буџетот.
Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета во Велес.
- Точно ќе бидат обезбедени 80 милиони денари, а апсолутно нивната големина не би предизвикала ребаланс на Буџетот. Тоа е доделено како план за трошење од резервните функции на државата, изјави Тевдовски.
За тоа како ќе се трошат средствата појасни дека Собранието е овластен предлагач и според законот тоа има право да ги користи овие средства.
- Сега е работа на Собранието и според законот тоа има право да ги користи овие средства. Мислам дека има повик до сите пратенички групи да искажат потреба и дали ќе бидат вклучени во кампањата, но тоа е работа пред се на Собранието. Ние обезбедивме средства од овластениот предлагач од Буџетот на Р. Македонија, истакна Тевдовски.
Одговорајќи на новинарско пашање за наследените долгови на општините, Тевдовски рече дека постојано се анализира состојбата, посочувајќи дека не само во единиците на локалната самоуправа, туку и во централниот буџет се наследени големи долгови.
- Ние постојано ја анализираме состојбата, бидејќи не само во единиците на локалната самоуправа, туку и во централниот буџет ние наследивме големи долгови, значи брзорастечки јавен долг, со многу неплатени, а преземени обврски. Ја анализираме состојбата и во тој дел кога ќе имаме нешто како одлука ќе го соопштиме транспарентно на јавноста, рече министерот Тевдовски
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
-

Седница на Советот на јавни обвинители, на дневен ред назначувањето вршител на должност на местото на Коцевски
-

Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина „продуктивни и конструктивни“
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Орбан: ЕУ воведе санкции за да ја „скрши“ Русија, наместо тоа ја скрши Европа
-

Руте: Главната цел на безбедносните гаранции е Украина никогаш повеќе да не биде жртва на напад
-

Без струја дел од општина Кисела Вода
