Тетовските полицајци даруваа 15 единици крв

Во рамки на денешната крводарителска акција, трета по ред годинава, во Секторот за внатрешни работи во Тетово се собраа 15 единици крв.
Акцијата се одвиваше од 9:30 часот до 15 часот, а ја спроведоа вработени во Црвен крст- Општинска организација Тетово и Институт за трансфузиона медицина-Центар за Трансфузиона Медицина Тетово.
– На овој начин, вработените полицајци во овој Сектор уште еднаш на дело ја искажаа нивната несебичност, хуманост и солидарност, дарувајќи дел од себе од течноста која значи живот. До крајот на оваа година планирана е уште една ваква акција, по која се очекува вкупната бројка на собрани единици крв во СВР Тетово да бида заокружена на околу 150, истакна портпарлот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Црвениот крст од Тетово и Центарот за трансфузиона медицина наредната недела ќе организираат крводарителска акција и во тетовската касарна каде крв ќе може да даруваат припадниците на АРМ.
Ново на Сител
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
