Тетово: За само 6 саати казнети 12 пијани возачи
Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (17/18 јуни) од 23 до 5 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
При контролата откриени и санкционирани се вкупно 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5). Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени нивните возачки дозволи и ќе се соочат со законски предвидените глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај ова, биле санкционирани, исто така, и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-2).
СВР Тетово апелира до возачите да не возат доколку консумирале алкохол, затоа што алкохолот ја намалува нивната способност за нормално и безбедно управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер