Македонија
1. October 2019 - 10:30

Тетовец преку социјалните мрежи објавувал компромитирачки фотографии од поранешната девојка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј.(23) од с.Шипковица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во текот на јули 2019 пријавениот, на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“, од негови профили објавил заеднички компромитирачки фотографии со девојка од тетовско село, со која претходно бил во љубовна врска.